За нас

ОПТИКООП ДОО експорт-импорт, почнувајќи од 1993-та година го гради своето име на македонскиот пазар како една од водечките фирми чија основната дејност е застапување и кооперација со производни странски фирми во сегментот на резервните делови и опрема за сите типови на возила. Предизвикот е голем како и имињата на фирмите кои стојат позади нас.

ОПТИКООП ДОО во Скопје застапува повеќе светски познати фирми, во најголем дел од С.Р. Германија и тоа:

KROON-OIL Holland (since 1906)
(Специјализирана холандска фабрика за производство на минерални и синтетички моторни масла, антифризи и  други течности за употреба кај моторни возила и пошироко)

OPTIMAL KG / Deutschland
(Делови од подвозје, лагери за тркала, лагери затегнувачи, амортизери, држачи за мотори, делови за сопирачки И други делови за сите видови на патнички и товарни возила)

MAYER & SEHL/KLAUS REINECKE/SACHS Handel GmbH / Deutschland
(Квачила и делови за квачила за сите типови патнички И товарни возила)

KS MOTOR SERVICE INTERNATIONAL GmbH, Neckarsulm / Deutschland
(Делови за мотори и филтри за сите видови патнички и товарни возила)

BURKERT FAHRZEUGTEILE GmbH, Tamm / Deutschland
(Делови за средни и тешки мотори)

EBERSPACHER, Esslingen / Deutschland
(Греачи воздушни и водени за сите типови возила, механизациони машини и индустриски постројки)

FRAS-LE S.A. Caxias do Sul – RS / Brasil
(Облоги за кочници за сите видови товарни возила)

Сите овие наши принципали се водечки марки во светската индустрија на производство на делови и опрема за прво вградување во сите видови нa возила, и други транспортни средства, градежни и рударски машини.

Во нашиот лагер располагаме со бројка од околу 7.000 позиции од гореспоменатите  принципали со кои опфаќаме добар дел од групата на потрошни делови од следниве марки на патнички возила: VWAudiSeatSkodaBMWMercedesOpelFordPeugeotCitroenRenaultFiat како и некои марки на стопански возила: MANMercedes, RABA, IvecoScaniaVolvo итн.

За сето она што не може да се испорачаме веднаш од нашиот лагер, обезбедуваме брза достава од нашите принципали како и на сите можни делови директно од испорачетелите на оригинални делови и тоа за следниве марки на возила: VWAudiSeatMANMercedes и BMW.


Работата на ОПТИКООП ДОО со принципалите е регулирана врз база на договори за меѓусебна соработка и тоа во делот на продажбата, застапувањето, остварувањето на гарантните услови, маркетингот, сервисот и поддршката.

Продажбата на деловите и опремата во нашата Република се остварува преку нашето продажно место во Скопје и преку дистрибутивна мрежа на нашите партнери ширум земјата.

ОПТИКООП ДОО експорт-импорт, Скопје располага со канцалариски, затворен магацински и продажен простор од околу 200 (м2) и отворен магацински простор од околу 3.000 (м2). Истите се целосно во функција на најбзо и најквалитетно услужување на своите партнери и во нив е инсталирана најсовремена работна и компјутерска опрема.

Во функција на фирмата е и прирачен сервис со пумпна станица за брза и бесплатна промена на масло и филтри. Исто така располагаме со едно возило од типот Volkswagen -LT 35 за брза достава на делови.

За непречено извршување на работните задачи се користи најсовремена софтверска програмска подршка од нашите принципали, која што овозможува најбрза размена на податоци помеѓу принципалите и нашата фирма во Скопје како и дополнителни софтверски пакети и тоа:

  1. Комерциално технички пакет ETOSEIS од Volkswagen Групацијата (VW, AUDI, SEAT, SKODA)
  2. Комерциално технички пакет за MERCEDES и DEIMLER-CHRYSLER возила, како и IVECO стопанските возила.
  3. Комерциално технички пакет за MAN стопански возила
  4. Универзален информационен систем за резервни делови и сервисни активности TEC-DOC Informationen Systeme.

Нашиот тим е составен од дипломирани машински инженери и техничари  и тоа:

  1. Г-дин Мирчев Ѓоше Дипл.маш.инж  – основач на фирмата

сите специјалисти во областа на возилата и маханизационите машини. Нашиот тим е пазарно ориентиран со јасни концепти и предизвиците на работењето како со нашите принципали, така и со нашите клиенти преку една тимска и организирана работа ги претвора во првокласна комерцијална, техничка и сервисна услуга.

Вашиот ОПТИКООП тим.

Дилери

  • “Класик” – Штип – ул. Сутјеска 43а Тел: 032/385-510
  • “Машино елементи” – Делчево – ул. Кирил и Методиј 37 Тел: 033/413-825
  • “Авто сервис Коки” – Велес – ул. Сараевска 1 Тел: 070/216-132
  • “Сигал” – Струмица – ул. Ленинова 81 Тел: 034/329-552
  • “Хидроулик автоделови” – Прилеп бул. Маршал тито 85 Тел: 048/431-664
  • “Авто комплекс Пржо” – Битола ул. Индустриска бб Тел: 047/224-555
  • “Кин дооел” – Ресен ул. Јосиф Јосифоски 60 Тел: 047/454-869
  • “Дего 2007″ – Охрид ул. Питу Гули 49а Тел: 046/522-532

Референци

  • Влада на Република Македонија
  • Министерство за внатрешни работи на РМ
  • Министерство за одбрана на РМ
  • Македонски железници

Принципали



OPTIMAL AG & Co. KG изработува квалитетни резервни делови за оски, кочници, управувачки механизми, мотори и други автомобилски производи од своето основање во 1992 година. Силниот раст на компанијата е резултат на првокласни стандари во сите процеси на работа. Квалитетот на производите и екстремно високиот стандард на услуги се клучни за постигнување на задоволството на клиентите. Квалитетот е една од најважните деловни цели.

OPTIMAL AG & Co. KG остана транспарентна, структурирана и достапна компанија која ужива голема флексибилност и лојалност на вработените.

Сите производи се со врвен квалитет и се во согласност со европските и меѓународните стандарди за резервни делови, на пр. Стандардите на производителот TS 16949, QS 9000, ISO 9001: 2008, а особено регулативата за блок ослободување бр. 1400/2002.

Делови од подвозје, лагерни за тркала, лагери за затегнувачи, амортизери, држачи за мотори, делови за брави и други делови за сите видови на патнички и товарни возила од OPTIMAL AG & Co. KG се изборот на нашата компанија Оптикооп за Вашето возило.



Kroon Oil е специјализирана холандска фабрика за производство на минерални и синтетички моторни масла, антифризи и  други течности за употреба кај моторни возила и пошироко.

Број 1 за масла за подмачкување. Само бесмислени зборови? Апсолутно не!

За повеќе од 100 години, Kroon Oil се фокусира исклучиво на развојот и производството на премиум лубриканти. Без оглед на апликацијата за која ви е потребен производ, Kroon Oil го има најдобриот избор. Освен производи за патнички возила, земјоделството, индустријата, велосипедите и превозот, Kroon Oil нуди разни специјални производи.

Внесете податоци за Вашето возило и пронајдете ја препораката од Kroon oil за вашето возило:



Нашата компанија e официјален застапник за целосна програма на адитиви од реномираниот италијански бренд BLUE. Доколку Ви е потребен совет која комбинација е најдобра за Вашето возило, контактирајте не на следниот телефон: +389 2 3171511

Кликни тука и преземи го целосниот каталог адитиви BLUE.

3000

м2 магацински простор

200

м2 продажен простор

4000

4000 и повеќе оригинални резервни делови

25

Доверба и сигурност повеќе од 25 години

Бесплатна достава за Македонија

Продавница и магацини во Скопје

Брз одговор на секое прашање

Програма за лојалност: трајни 10% попуст

Loading...