Услови за користење

Оваа веб страница, лоцирана на optikoop.com.mk, вклучувајќи мобилни и/или Интернет апликации (сите заедно „веб страница“) е овозможен од ОПТИКООП ДОО Скопје („ние“, „наши“, „нас”) за лицето што пристапува на оваа Веб страница („вие“, „ваше“, „вас“).

1. Се согласувате на овие Услови со користење на оваа веб страница

Вашиот пристап до, и користење на, оваа веб страница е предмет на овие Услови за користење и сите применливи закони и прописи. Со пристапување и користење на оваа веб страница, вие ги прифаќате без ограничување овие Услови за користење. Оптикооп може, во секое време и без известување, да ги модифицира овие Услови за користење преку нивно ревидирање на веб страницата. Вашето продолжено користење на веб страницата го конституира вашето прифаќање на секое вакво ревидирање. Затоа, периодично треба да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате моменталните Услови за користење. Вие не можете да ги модифицирате овие Услови за користење. Овие Услови за користење можат да бидат модифицирани единствено од Оптикооп. Доколку не се согласувате и не ги прифаќате без ограничување овие Услови за користење, мора да прекинете со користење на веб страницата и веднаш да излезете од неа.

2. Дозволено користење на веб страницаот; Прекин

Информациите и материјалите на овој веб страница се наменети за општа информативна намена. Може да го користите овој сајт исклучиво за добивање информации и купување на Оптикооп. Не смеете да користите, репродуцирате или дистрибуирате текст, графички елемент, датотека, алатка или друга содржина на овој веб страница за било какви други намени. Овој сајт не е наменет за деца.

Се согласувате дека Оптикооп, без причина или претходно известување, и без одговорност кон вас или кое било трето лице, веднаш да го прекине вашето членство на Оптикооп, која било промоција или награда поврзана со вашето членство и/или вашата имејл адреса, пристап до вашата страна за регистрирани корисници, пристап/учество во било какви посебни маркетиншки групи, пристап до или учество во било какви промоции или натпревари, или пристап до која било наша страница на социјалните мрежи, во согласност со овие Услови за користење. Каква било измамничка, навредлива или нелегална активност која може да биде основа за прекин на вашето членство може да биде пријавена на институциите надлежни за спроведување на законите.

Причина за ваков прекин ќе вклучува, но нема да биде ограничено на, (а) кршење на Условите за користење или другите инкорпорирани договори, (б) налози од владините институциите за спроведување на законите или други владини институции, (в) ваше барање (самоиницијативно бришење на членството), (г) модификација на материјалите на веб страницаот (или кој било негов дел), (д) технички или безбедносни проблеми, (ѓ) ваше учество во измамнички или нелегални активности, (е) и/или (ж) без никаква причина.

Прекин на вашето членство на Оптикооп вклучува (а) отстранување на пристапот до сите понуди или погодности на веб страницаот, (б) бришење на вашата лозинка и сите податоци, датотеки и содржини поврзани со вашето членство на веб страницаот, (в) спречување на понатамошно користење на вашето членство. Дополнително, се согласувате дека сите прекини ќе бидат направени со целосна дискреција на Оптикооп и дека Оптикооп нема да биде одговорен кон вас или било кое трето лице за било каков прекин на вашето членство, било која поврзана имејл адреса или пристап до вашето членство.

Можете да го прекинете вашето членство, овој Договор и вашето право да го користите вашето членство во секое време и за каква било причина или без причина, контактирајќи не на: optikoop@t.mk

3. Содржини објавувани од корисници

Веб страницата може да нуди интерактивни услуги кои што им овозможува на корисниците да објавуваат содржини на веб страницаот. Оптикооп не може да ги прегледа сите вакви содржини и не е одговорен за ваквата содржина.

Вие потврдувате дека со овозможување на способноста за преглед и дистрибуција на содржини генерирани од корисници на овој веб страница, Оптикооп единствено делува како пасивен канал за таква дистрибуција и не презема никакви обврски. Со објавување на содржини од ваша страна, вие се преставувате и гарантирате дека: (а) вие сте единствен креатор и/или автор на каква било ваква содржина што содржи каква било интелектуална сопственост или пред да објавите, вие сте ги добиле правата од сопственикот да ги користите и да го овластите Оптикооп да ги користи; (б) со тоа се одрекувате од какви било морални права што може ги имате со ваква содржина генерирана од корисник; (в) и дека ваквата содржина е вистинита и точна. Во каков било случај, Оптикооп со целосна дискреција го задржува правото да ги блокира или отстрани комуникациите или материјалите што ќе утврди дека се неприфатливи за Оптикооп.

Со објавување на каква било содржина генерирана од корисник, вие со тоа на Оптикооп одобрувате (1) вечно, неотповикливо, без надомест за користење, преносливо право и лиценца за користење, умножување, модифицирање, целосно бришење, преработување, објавување, создавање на изведени работи и/или продажба и/или дистрибуција на ваквата содржина и/или вметнување на ваквата содржина во каква било форма, медиум или технологија низ целиот свет без надомест кон вас; и (2) право јавно да го користиме вашето име и/или фотографија. Доколку се уште немате 18 години, се претставувате и гарантирате дека имате одобрение од вашиот родител или старател да давате вакви одобренија. Целокупната содржина што ја приложувате може да се користи со целосна дискреција од Оптикооп без какви било обврски за доверливост.

Малтретирање на каков било начин или облик на веб страницаот, вклучително и преку имејл, чат или со користење на непристоен или навредлив јазик, е строго забрането. Лажно претставување, вклучително како вработен, домаќин или претставник на Оптикооп, исто така како и друг член или посетител на веб страницаот е забрането. Не смеете да прикачите, дистрибуирате или на кој било начин да објавите на веб страницаот каква било содржина што е лажна, наведува на погрешно мислење, неточна, клеветничка, погрдна, непристојна, заканувачка, што ги прекршува личните и јавните права, навредлива, нелегална или непожелна во смисла да може да сочинува или поттикнува криминален прекршок, прекршување на правата (вклучително интелектуално права на сопственост или јавни или приватни права) на кое било лице, или на кој било начин да покрене одговорност или да прекрши кој било закон.

4. Интеракција со другите корисници

Вие самите сте одговорни за вашето инволвирање со другите корисници. Доколку имате спор со еден или повеќе корисници, вие неотповикливо и засекогаш го ослободувате Оптикооп (и службениците, директорите, агентите, подружниците, здружените претпријатија и вработените на Оптикооп) од тужби, барања и оштета (директна или индиректна) од каков било вид или природа, позната или непозната, што произлегува или на кој било начин е поврзана со ваквите спорови.

5. Известување; Електронска комуникација

Кога вие го посетувате овој веб страница, праќате имејлови до Оптикооп или кога ние објавуваме известувања на нашата страница или услуги или комуницираме со вас преку имејл, вие комуницирате со нас електронски. Овој дел ве информира за вашите права кога добивате електронска комуникации од нас. Со пристапување и користење на веб страницаот, се согласувате да добивате комуникации од нас по електронски пат. Се согласувате дека сите известувања, обелоденувања, спогодби и друга комуникација што ја добивате од нас по електронски пат го задоволува кое било законско барање за писмена комуникацијата. Вашето согласување да добивате комуникации и да вршите бизнис по електронски пат, и нашето согласување да постапуваме вака, се применува на сите ваши интеракции и трансакции со Оптикооп.

Исто така, ние можеме да ја употребуваме вашата имејл адреса за да ви праќаме други пораки, како што се промена на карактеристики на нашите услуги, билтени и дополнителни имејл пораки за нашите производи, услуги, натпревари и промоции кои што мислиме дека ќе ве интересираат. Доколку повеќе не сакате да добивате ваков вид на промотивни комуникации од нас, може да ја откажете претплатата.

Ве молиме информирајте не за каква било промена на вашата имејл адреса со цел да добивате комуникација од нас без прекинување.

6. Заштита на личните податоци

Политиката на заштита на личните податоци на Оптикооп е составен дел од овие Услови за користење. Со тоа вие се согласувате на ваквата Политика на заштита на личните податоци. Какви било лично податоци (на пример, вашето име, адреса, телефонски број или имејл) кои ги испраќате на веб страницаот преку електронска пошта или на друг начин ќе бидат користени од Оптикооп во согласност со Политиката на заштита на личните податоци. Целокупната останата комуникација или материјали што ги испраќате на веб страницаот, како што се прашања, коментари, предлози или слично, ќе нема да бидат сметани за доверливи и заштитени. За повеќе информации ве охрабруваме да ја прочитате нашата Политика на заштита на личните податоци.

7. Практики; Печатни грешки; Бои

Вие прифаќате дека Оптикооп може да воведе општи практики и ограничувања во однос на користење на каква било содржина, вклучувајќи ги без ограничување, максималниот број на денови што електронските пораки, објавите или другата прикачена содржина ќе бидат чувани, максималниот број на електронски пораки што можат да бидат пратени или примени од вашата членска сметка, максималната големина на која било електронска порака што може да биде пратена или добиена од членската сметка. Се согласувате дека Оптикооп нема обврска или одговорност при бришење или неможност за зачувување на која било порака и друга комуникација или друга содржина што се чува или испраќа. Вие прифаќате дека Оптикооп го задржува правото да одјавува, брише или оневозможува членства кои што се неактивни подолг временски период. Дополнително прифаќате дека Оптикооп го задржува правото повремено да ги модифицира овие општи практики и ограничувања.

Во случај кога одреден производ по грешка е прикажан со неточна цена или со неточни спецификации, Оптикооп го задржува правото да ги одбие или поништи кои било нарачки што се однесуваат на производ кој неточно е прикажан, без разлика дали нарачката е потврдена и наплатена. Доколку вашата нарачка е наплатена, а нарачката е поништена, Оптикооп на вашата сметка ќе ја исплати сумата што е наплатена според неточната цена. Во никој случај Оптикооп нема обврска да ви испорача производ по неточна цена.

Боите прикажани на веб страницаот може да бидат под влијание на параметрите на вашиот компјутер или монитор. Според тоа, Оптикооп не гарантира дека кои било бои на производите ќе бидат точни и прецизни.

8. Одрекување – Гаранција

Оваа веб страницата, неговата содржина и материјали и производи на оваа веб страница се дадени „какви што се.“ Со тоа, Оптикооп во согласност со соодветните законски норми ги одрекува сите гаранции, изразени и имплицирани, кои вклучуваат, но не се ограничуваат на, имплицирани гаранции на маркетибилност и соодветност за одредени намени.

Оптикооп не гарантира дека функциите содржани на веб страницаот ќе бидат непрекинати или без грешки, дека дефектите ќе бидат отстранети или дека овој веб страница или северот на кој се наоѓа веб страницаот се чисти од вируси или други штетни компоненти. Оптикооп не дава какви било гаранции што се однесуваат на користењето на материјалите на овој веб страница во однос на нивната точност, прецизност, адекватност, корисност, умесност, сигурност или слично.

9. Обесштетување

Вие се согласувате на обесштетување и не ги земате за одговорни Оптикооп, нивните службеници, директори, вработени, агенти и добавувачи од и против сите загуби, трошоци и штети, вклучувајќи прифатливи адвокатски провизии, кои што произлегуваат од какво било кршење на овие Услови за користење или каква било активност поврзана со вашето членство (вклучувајќи несовесно или незаконско поведение) од ваша страна или кое било друго лице што пристапува на веб страницаот со користење на вашата сметка. Вие сте одговорни за заштита и необелоденување на вашето корисничко име и лозинка на трети лица.

10. Ограничувања на одговорноста

Вашето користење на овој веб страница е на ваш сопствен ризик. Ниту Оптикооп, ниту која било од неговите подружници, филијали, службеници или директори, ниту кој било од неговите агенти или кои било други лица вклучени во создавањето, продуцирањето или испорачувањето на овој веб страница и неговите содржини се одговорни за кава било директни, индиректни, казнени, случајни, посебни или други штети настанати од или на кој било начин поврзани со користењето на овој веб страница без разлика дали се заснова на договор или друг начин.

11. Линкови до трети лица

Со цел овозможување на поквалитетна услуга на нашите посетители, Оптикооп може да поставува линкови до сајтови управувани од трети лица. Меѓутоа, дури и доколку третото лице е партнер на Оптикооп , Оптикооп нема контрола врз овие линкувани сајтови, кои што можат да имаат поинакви практики за приватност и прибирање на податоци, независно од Оптикооп . Овие линкувани сајтови се само за подобрување на вашето доживување и затоа пристапувате кон нив на сопствен ризик. Без ограничување на претходно кажаното, Оптикооп специфично одрекува каква било одговорност доколку ваквите сајтови: кршат какви било права на интелектуална сопственост; се неточни, нецелосни или доведуваат во заблуда; не се маркетибилни и не се соодветни за одредена намена; не овозможуваат соодветна сигурност; содржат вируси или други појави со деструктивна природа; или користат погрдни и клеветнички јазик.

Оптикооп не ја одобрува содржината или кој било достапен производ или услуга на ваквите сајтови. Сепак, Оптикооп настојува да го заштити интегритетот на сопствениот вебсајт и поставените линкови и затоа бара повратни информации на само за сопствениот веб страница, туку и за сајтовите до кои има поставено линкови (вклучувајќи и нефункционални линкови). Секоја повратна информација што ќе ја споделите нема да биде доверлива.

12. Интелектуална сопственост

Освен ако на друг начин не е забележано, дизајнот на веб страницаот, веб страницаот како целина и материјалите што се дел од веб страницаот (здружено, „Содржини“) се авторски права, заштитни знаци или друга интелектуална сопственост поседувана, контролирана или лиценцирана од Оптикооп или неговите партнери. Содржините, вклучувајќи го заштитниот знак и лого на ЕЛЕНА ЛУКА, не можете да ги користите за каква било комерцијална намена без писмено одобрение од Оптикооп.

Copyright 2017, Оптикооп. Сите права се задржани.

Целокупниот софтвер користен на овој веб страница е сопственост на Оптикооп или неговите софтверски добавувачи и е заштитен со законите за авторски права и не може да биде користен од ваша страна за каква било намена. Се согласувате дека нема да вршите промена или бришете какви било назнака за сопственоста од печатените или симнатите материјали од веб страницаот.

13. Поплаки за авторско право

Ако мислите дека вашето авторско право или други права се прекршени, ве молиме приложете ги следните податоци на optikoop@t.mk:

  • Електронски или писмен потпис на лицето авторизирано да делува во име на сопственикот на авторското право;
  • Опис на делото за кое што тврдите дека има прекршување на авторското право;
  • Опис на локацијата каде се наоѓа делото за кое што тврдите дека има прекршување на авторското право;
  • Вашата адреса, телефонски број и имејл;
  • Писмена изјава од ваша страна дека со добра намера верувате дека спорното користење не е одобрено од сопственикот на авторското право, неговите агенти или законот;
  • Изјава од ваша страна дека податоците во известувањето се точни, и дека под полна кривична и морална одговорност тврдите дека сте сопственик на авторските права или сте овластени да делувате во име на сопственикот на авторските права.

14. Закон и јуриздикција

Овие Услови за користење и вашето користење на веб страницаот се раководат од законите на Република Македонија. Основниот суд во Скопје ќе има ексклузивна јуриздикција над кои било и сите спорови што ќе произлезат, се поврзани или се однесуваат на овие Услови за користење и/или веб страницата.

15. Пренесување

Оптикооп може да ги пренесе своите права и обврски што произлегуваат од овие Услови за користење на кое било лице во кое било време без претходно известување до вас.

16. Прашања и повратни информации

Добредојдени се сите ваши прашања и коментари во врска со овој веб страница. Ве молиме испратете ни каква било повратна информација која се однесува на овој веб страница на optikoop@t.mk.